Добредојдовте во Св. Наум

Свети Наум е свето место, кое зрачи со убавина, култура и традиција

Хотел

Ова е место каде што ќе најдете мир во кој се спојуваат телото и духот

 

Ресторан

Овде ќе ги пробате најавтентичните традиционални јадењана

 

Конференциска сала

Mесто кое ќе ги воодушеви вашите партнери и гости

 

За Свети Наум
Свети Наум хотелски комплекс Во боженственото природно опкружување на локалитетот Св. Наум на 28 км. од градот Охрид, помеѓу бескрајното синило на Охридското Езеро и високиот планински масив на планината Галичица, непосредно до најубавите и најголемите извори кои го напојуваат Охридското Езеро, е сместен Хотелскиот Комплекс.

Св. Наум е свето место, кое зрачи со убавина, култура и традиција. Имено, непосредно до Хотелскиот Комплекс „Св. Наум“ се наоѓа еден од најубавите и најзначајните манастири во Охридскиот регион, манастирот „Св.Наум“ (IX) век, каде се погребани моштите на истоимениот светец Св. Наум - еден од најверните следбеници на првите словенски просветители Св. Кирил и Методиј.

Хотелскиoт комплекс Свети Наум
Токму поради почитта кон историјата и традицијата, со цел да не се наруши оваа вонвременска убавина и хармонија која како да го достигнала својот максимум на ова свето место, Хотелскиот Комплекс „Св. Наум“ со својата традиционална архитектура, комплетно се претопува со манастирскиот амбиент, но затоа пак со внатрешниот рустичен и истовремено луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат и најприбирливите гости.

Хотелот располага со шест прекрасни традиционални двокреветни соби, 22 апартмани со незаборавен поглед на Охридското езеро, ресторан со 150 места за седење, нацинален ресторан „Охридска Соба“ и бар.

Овде постојано се креираат нови и возбудливи јадења, секогаш од најквалитетна риба и зеленчук, со посебен акцент на традиционалната македонска кујна. Толку многу убавина, историја и традиција на едно место, надополнето со сместување и услуги со највисоки стандарди е реткост да се пронајде и доживее. Ова е место каде што ќе најдете мир во кој се спојуваат телото и духот. Ве очекуваме....