Box Image 1 Box Image 2
Хотел Свети Наум Ресторан Свети Наум Спа центар Свети Наум Конференциска сала Свети Наум

Хотелскиoт комплекс Свети Наум

Хотелскиот Комплекс Св. Наум со својата традиционална архитектура, комплетно се претопува со манастирскиот амбиент, но затоа пак со внатрешниот рустичен и истовремено луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат и најприбирливите гости.

Хотелот располага со шест прекрасни традиционални двокреветни соби, 22 апартмани со незаборавен поглед на Охридското езеро, ресторан со 150 места за седење, нацинален ресторан „Охридска Соба“ и бар. Овде постојано се креираат нови и возбудливи јадења, секогаш од најквалитетна риба и зеленчук, со посебен акцент на традиционалната македонска кујна.

Толку многу убавина, историја и традиција на едно место, надополнето со сместување и услуги со највисоки стандарди е реткост да се пронајде и доживее.

Ова е место каде што ќе најдете мир во кој се спојуваат телото и духот.

Соби

Хотелот Свети Наум располага со 28 соби/апартмани:

Сите соби / апартмани се опремени со прекрасен мебел во традиционално/рустичен стил, повеќето со прекрасен поглед на Охридското езеро, со пространи бањи, мини бар, телефон, сателитска антена, ТВ, фен за коса.


Хотелски комплекс Свети Наум
hotel-stnaum.com.mk